ВОДИТЕЛ ЈА „ПОДБРА“ ВОЈВОТКАТА: Меган, врати се во Америка!

Фото Профимедиа

Британскиот водител Пирс Морган е познат по тоа што нема влакна на јазикот. Овојпат кај него на тапет се најде војвотката од Сасекс, Меган Маркл, откако прочитал дека нејзиниот тим им забранил на луѓето да се фотографираат на Вимблдон.

Таа го следела мечот заедно со пријателките Серена Вилијамс и Каја Јуван. Една од присутните во публиката тврдела дека откако фотографирала, дошол член на кралското обезбедување и ѝ рекол дека не смее да ја слика Меган.

Пирс никогаш не криел дека има проблем со однесувањето на Меган, а во неколку наврати ја „советувал“ да се врати во Америка.

„Урнебесна е оваа опсесија со приватноста на Меган. Прво, лицемерно е, второ тие се јавни личности. Тие се војвода и војвотка од Сасекс. Ако сакаш приватност Меган, немој да седиш на кралските седишта во Вимблдон, во кои се вперени сите камери. Одиш таму со своите бесплатни билети, со две другарки кои исто влегуваат бесплатно. Вие сте јавни личности. Сите. Престани со таа приватност. Ако сакаш приватност, врати се во Америка и живеј така“, изјавил тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот