Водич за совршено перење на облека

Неколку корисни совети кои ќе ви овозможат правилно да ја исперете облеката.

За да бидете сигурни дека носите чиста облека, не е доволно само облеката да е испрана. Уште поважно е како сте ја испрале. Па така, не е доволно само да ја поделите светлата и темната облека, никако не ставајте детергент директно на облеката, не користите перална за сушење, а уште помалку да ги мешате чорапите со останатата облека.

Не е доволно да ја издвоите темната од светлата облека

Најнапред извоите ја највалканата облека од онаа со по некоја дамка. Тешките материјали од тексас и полесните материјали. За да не ви обелат фармерките, исперете ги со ладна вода од опачината и исушете ги на ниска температура. Доколку не сакате постелнината да ви се изгужва, исперете го секое парче посебно, наместо сè одеднаш. Што повеќе ги раздвоите алиштата толку посвежи ќе бидат.

Не ставајте детергент директно на облеката

Постои правилен и погрешен начин при полнењето на машината за перење. Па така, за најдобра дистрибиција на детергентот низ машината, прво ставете облека, па додадете вода и на крај ставете детергент. Ако користите обелувач, прво вода, па облеката, и на крај го ставате детергентот.

Машина за сушење облека не е препорачлива

Ако имате услови да ја сушите облеката надвор, тогаш тоа е подобра опција од машина за сушење. Не само што ќе заштедите струја и пари,туку е и подобар начин да ги исушите нежните и чувствителни алишта. А, ако веќе користите машина за сушење, немојте да ја полните до крај и да ги пресушувате алиштата. За да не ви се гужваат алиштата кога ќе ги извадите од сушара, закачете ги на жица да ви се исправат.

Не ги мешајте чорапите со другата облека

Ако сте уморни од тоа да губите по еден чорап на секое перење, ставете ги прво чорапите во машината, па потоа другата облека. Помали се шансите да се закачат на некое парче облека, поради што често се губат.

Не ги оставајте откопчани копчињата

Отпетланите копчиња можат да ја оштетат целата облека, па дури и да ја изгребат машината одвнатре. Проверете дали се запетлани сите пред да ги ставите на перење.

Направете тест дали облеката пушта боја

Ако се грижите дали новата црвена маица ќе пушти боја, задолжително направете тест пред првото перење. Навлажните еден дел, па протријте бела ткаенина на маицата да видите дали пушта боја. Ако пушта, перете ја посебно. Можете да ставите и стара бела чорапа во пералната да поверите дали маицата пушта боја.

Немојте да ги прескокнувате филтерот и цревото кога ја чистите машината

Испразнете го филтерот после секое перење, бидејќи остануваат конци, ткаенина и може да го запушат каналот, со што рзикикувате да настане пожар. Филтерот исчистете го со детергент и четка за заби, а потоа добро исушете го. Еднаш годишно откачете го цревото од пералната и добро исчистете го.
.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот