ВОДЕНИ ТОПОВИ ВРЗ „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“: Полицијата и демонстрантите се судрија во Нант

Стотици демонстранти денеска влегоа во конфликт со полицијата во Нант, во текот на протестот на „жолтите елеци“ против политиките на Макрон.

Полицијата употребила солзавец, по што демонстрантите почнале да фрлаат најразлични предмети кон нив. Притоа се уапсени 21 лице.

На снимките кои беа објавени на француските телевизии, се гледа како демонстрантите се обиделе насилно да влезат во продавница, а пак полицијата им се спротивставува со водени топови.

Протестите на „жолтите елеци“ започнаа лани, поради поскапувањето на горивата. Членовите на движењето сметаат дека политиките на Макрон се бессмислени и немаат врска со реалноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот