Водечкиот светски производител на нафата е во криза

Компанијата Сауди Арамко, лидерот во светот по производство на нафта, во првата половина од 2019. година забележа нето добивка од 46,9 милијарди долари.

Tоа е пад од 12 проценти во однос на остварените 53,02 милијарди долари во истиот период од минатата година.

Арамко наведува дека вкупните приходи, вкучувајќи и други приходи од продажба, изнесувале 163,88 милијарди долари во првите шест месеци во однос на ланските 167,68 милијарди долари, покрај намалувањето на цената на нафтата и намаленото производство.

Саудискиот нафтен гигант во извештајот за заработката делумно го препишува падот на нето-добивката од четири проценти на просечната цена на суровата нафта во првите шест месеци во однос на истиот период од 2018. година, од 69 на 66 долари по барел.

Претседателот и директор на Арамко, Амин Насер, рече дека компанијата продолжува со реализација на својата „стратегија за зголемување на преработката“ преку аквизиции, како на домашниот, така и на меѓународниот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот