Водечкиот Шериф и Николов му гостуваат на Интер во Лигата на шампионите

Молдавскиот Шериф ќе се обиде да направи уште едно изненадување во Лигата на шампионите/Фото: EPA-EFE/KIKO HUESCA

Во Лигата на шампионите на ред дојде третото коло во групната фаза, а во дел од нив можно е уште вечерва да дознаеме кои би биле на еден чекор од пласман во осминафиналето.

Изненадувачки во групата „А“ после две рунди води молдавскиот Шериф на македонскиот репрезентативен Бобан Николов со шест бодови, пред Реал Мадрид кој има три, а Интер и Шахтјор Доњецк по три.

Од 21.00 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано составот на Интер е домаќин на Шериф, а во истиот термин во Киев украинскиот Шахтјор ги пречекува „кралевите“.

Градскиот ривал на Интер, екипата на Милан започна уште полошо оваа сезона, односно и натаму е без бодови во рамките од групата „Б“.

„Росонерите“ му гостуваат на португалскиот Порто, а во дербито на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, Атлетико ќе ги одмери силите против Ливерпул.

Лига на шампиони 2021/2022

3. коло, двојки –

Група „А“

Табела: ПСЖ 4 бодови, Клуб Бриж 4, Манчестер сити 3, Лајпциг 0.

18.45 часот Клуб Бриж – Манчестер сити
21.00 часот ПСЖ – Лајпциг

Група „Б“

21.00 часот Атлетико Мадрид – Ливерпул
21.00 часот Порто – Милан

Табела: Ливерпул 6 бодови, Атлетико Мадрид 4, Порто 1, Милан 0.

Група „Ц“

18.45 часот Бешикташ – Спортинг
21.00 часот Ајакс – Борусија Дортмунд

Табела: Ајакс 6 бодови, Борусија Дортмунд 6, Бешикташ 0, Спортинг 0.

Група „Д“

21.00 часот Интер – Шериф Тираспол
21.00 часот Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид

Табела: Шериф Тираспол 6 бодови, Реал Мадрид 3, Интер 1, Шахтјор Доњецк 1.

Саудискиот принц не жали пари, нуди милијарда евра за да го купи и Интер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот