Водата за пиење во Тетово е безбедна

Profimedia
Фото: Профимедиа

Водата за пиење во Тетово е исправна и безбедна за користење, информираат од Центарот за јавно здравје. Миркобиолошките анализи се негативни.

– Се врати во вообичаената бистрина водата за пиење со 0.4 и 0.5 НТУ мерна единица за матност, а негативни се и микробиолошките анализи кои се чекаа од понеделникот. Микробиолошките анализи покажаа исправност, односно дека нема присуство на бактерии. Во понеделникот кога се констатираше матноста имаше резидуален хлор и да имало бактерии хлорот реагирал. Матноста е индикатор дека е нешто лошо може да се случи и затоа беше препораката за да не се пие, соопшти денес д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Анализите се од примероци земени од чешми приклучени на стариот водоснабдителен систем. Новиот систем кој има и филтер станица има сензори кои кога ќе утврдат матност го прекинуваат дотокот на вода во водоводната мрежа.

– Во системот имаше доток од само 150 литри, па се се качи на 310 и вчера падна на 270 литри вода во секунда, денес и на 250 литри. Врнежи во планинина кај извориштата е причина, вели д-р Давидоски.

До денеска препораките беа водата да се не користи за пиење освен ако не се преврие. Поради заматеноста достигна високи 11,1 НТУ мерни единици за матност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот