Водата за пиење во Скопје е безбедна

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микорбиолошка анализа земени од 40 мерни места во градот.

Како што соопштија денеска од ЈП Водовод и канализација – Скопје, од 26 до 30 април земени се 148 примероци за физичко-хемиска и 148 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од Водовод и канализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот