Водата од поплавениот дел на Гостивар се повлече, жителите ги бројат штетите

Фото: Општина Гостивар

Состојбата со поплавата во Гостивар која вчера предизвика штети на повеќе домови во гостиварското село Беловиште, а под вода беа и гостиварските населби Бањешница и Циглана, денеска е стабилизирана.

Жителите кои ги бројат штетите, велат дека до поплавувањето дошло откако по интензивните врнежи од дожд се излеала вода од канал за наводнување, но и од шахтите кои нередовно се чистат.

И вчера и денеска екипи на ЦУК и пожарникари од гостиварската противпожарна единица интервенираа на терен, со испумпување на водата, која веќе е повлечена. Обилните врнежи предизвикале и помали одрони на земјиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот