Водата од градскиот водовод во Струга забранета за пиење

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација”.

Загадувањето, како што е наведено во информацијата, настанало поради дефект во водоводната мрежа.

– Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот, посочува ЈП „Водовод и канализација” Струга.

Екипите на претпријатието, според соопштението, работат со голем интенситет, водата ја хлорираат и пуштени се хидрантите за чистење.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот