ВОДА ДО КОЛЕНА: Расте нивото на водата во Венеција

Фото: EPA

Нивото на водата во Венеција повторно расте, три дена по најголемото забележано ниво на поплави во последните 50 години. Се предвидува нивото на водата денеска да се искачи на 160 сантиметри, што е многу над нормалното ниво.

На Плоштадот Свети Марко водата сега е „до колена”. Италијанската Влада прогласи вонредна состојба во Венеција откако нивото на водата се искачи на 187 сантиметри.

Поплавите во Венеција се предизвикани од обилните дождови, полната Месечина, високата плима и ветерот.

Венеција почна со изградба на подвижни бариери наречени „Мојсиј”, чија цел е да ги спречат поплавите. Но, подвижните бариери наидоа на критики од екологистите, кои оценуваат дека со тоа ќе биде уништен екосистемот на заливот, како и поради зголемените трошоци и скандалот со корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот