Во знак на протест: Главната уредничка на информативната редакција на РТВ Словенија поднесе оставка

Маница Јанежич Амброжич
Маница Јанежич Амброжич / Фото: Скриншот, Јутјуб

Главната и одговорна уредничка на информативната редакција на Телевизија Словенија, Маница Јанежич Амброжич синоќа поднесе оставка од функцијата во знак на протест против планираните намалувања на програмите за вести.

Таа истакна дека не се согласува со планот за вести за следната година.

Словенечкиот новинарски синдикат СНС објави дека во 2022 година делумно или целосно ќе бидат укинати информативните програми, како и емисиите со гости (ток –шоу).

Словенечките јавни медиуми подолг период се под притисок на десничарската Влада на премиерот Јанез Јанша.

Во септември генералниот директор на Словенечката новинска агенција (СТА), Бојан Веселиновиќ поднесе оставка поради тоа што Владата ги замрзна финансиските средства на СТА.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот