Во животот се заљубуваме само во три личности: Психолозите објаснуваат зошто секоја е неизмерно важна?

Pixabay
Фото: Пиксабеј

Психолозите велат – во животот се заљубуваме во три личности. Исто така се верува дека од некоја друга причина ни треба секоја од овие љубови.

Прва љубов

Ние често за прв пат се заљубуваме кога сме млади, понекогаш веќе во средно училиште. Тоа е идеализирана љубов – онаа што изгледа како од бајките што сме ги читале како деца, пишува „Elephant Journal“.

Во таа љубов влегуваме со верување дека тоа ќе биде единствената наша љубов и не е важно дали  ни се чини дека е така како што треба или дали ќе се случи да мораме да ги проголтаме личните верувања за да функционира, бидејќи длабоко во себе веруваме дека токму таква треба да биде љубовта.

Со овој вид на љубов, за нас е поважно како другите гледаат на нас, отколку како ние навистина се чувствуваме. Тоа е љубов која изгледа дека е исправна.

Тешка љубов

Втората љубов е нашата тешка љубов – онаа што нè учи на лекции за тоа кои сме и колку често сакаме и треба да бидеме сакани. Ова е вид на љубов што боли – без разлика дали преку лаги, болка или манипулација.

Мислиме дека правиме поинаков избор отколку со првата љубов, а во реалноста сè уште правиме избори од потребата да научиме лекции.

Нашата втора љубов може да стане круг, оној што често го повторуваме затоа што мислиме дека резултатот некако ќе биде поинаков од порано. Сепак, секој пат кога ќе се обидеме, некако завршува полошо од порано .

Понекогаш е нездраво, неурамнотежено, па дури и нарцисоидно. Може да има емоционална, ментална, па дури и физичка злоупотреба или манипулација – дури и интензивна драма.

Ова е токму она што не одржува зависни од таа приказна затоа што тоа е емотивен ролеркостер на екстремни подеми и падови, затоа се држиме до падови во очекување на подеми.

Со овој вид на љубов, обидот за успех станува поважен отколку што треба. Тоа е љубовта за која би сакале да бидеме во право.

Неочекувана љубов

Третата љубов е онаа што не ја очекуваме, онаа што најчесто ни се чини погрешна и која ги уништува сите преостанати идеали што сме ги создале за тоа што треба да биде љубовта.

Оваа љубов доаѓа толку лесно што се чини невозможно. Тоа е вид кога врската не може да се објасни и што нè соборува од нозе, бидејќи никогаш не сме ја планирале.

Ова е љубов во која се поврзуваме со некого и едноставно одговараме едни на други – нема идеализирани очекувања за тоа како треба да се однесува секоја личност, ниту има притисок да станеме некој друг, различен од оној што сме. Едноставно, прифатени сме такви какви што сме – и тоа ни одговара.

Не е така како што замислувавме дека ќе изгледа нашата љубов, ниту е во согласност со правилата за кои се надевавме дека ќе ни дадат сигурност.

Напротив, тоа ќе ги разниша нашите претходно создадени сфаќања и ќе ни покаже дека љубовта не мора да биде како што ја замислувавме за да биде искрена.

Тоа е љубов која тропне на нашата врата без оглед колку време ни требаше да одговориме. Љубов за која чувствуваме е вистинска.

Можеби сите не ги доживуваме сите три.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот