ВО ЖИВО: Врие на улиците во Париз – ескалираа протестите
Улиците на Париз се исполетни со илјадици демностранти кои излегоа во знак на револт против полициската бруталност и плановите на безбедносната политика на претседателот, Емануел Макрон.
Демонстрантите сметаат дека плановите за безбедносна политика ги поткопуваат граѓанските слободи.
Полицијата употреби солзавец на протестите додека демонстрантите испукаа пиротехнички средства во нивна насока, а група млади луѓе го искршија излогот на една продавница, пренесува „Ројтерс“.
Протестираат против предложениот закон за „сеопфатна безбедност” за кој сметаат дека ќе ги спречи новинарите и граѓаните да ја снимаат полицијата за време на демонстрациите.
Нивната критика е насочена кон членот 24 од овој предлог-закон. Со овој член предвидени се казни до една година затвор и парична казна од 45.000 евра за ширење на „сликата на лицето или кој било друг елемент за идентификација” на полицаец или жандарм во интервенција, кога има со цел „поткопување на неговиот физички или ментален интегритет”.