ВО ЖИВО: Трамп првпат се појавува во јавност по насилниот упад во Конгресот

Првпат по минатонеделните немири во Конгресот на САД, претседателот Доналд Трамп денеска треба да се појави во јавноста, и тоа во Тексас, во посета на изградбата на ѕидот на границата со Мексико. 

Загрижена мајката на викингот на Трамп: Не му даваат органска храна во затворот, ќе се разболи

На сајтот што ги следи работните активности на Трамп, се наведува дека претседателот денеска ќе работи од рано наутро до доцна навечер и ќе има многу повици и средби. 

Трамп таму планира посета на пограничниот град за инспекција на градбата на ѕидот што тој нареди да се гради на границата со Мексико. 

Во меѓувреме во Вашингтон, демократите во Конгресот продолжуват со подготовките за негово второ отповикување. Процедурата со гласање за отповикувањето се очекува да се случи утре. 

Болтон ја повика Републиканската партија да ги „измие“ рацете од Трампизмот

Избраниот претседател Џо Бајден пак, денеска нема да има јавни настаи, само средби со советници за трансфер на власта, во екот на неговите подготовки за влез во Белата куќа, што треба да се случи  следната недела. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот