ВО ЖИВО: Среде корона Егзит опстојува и забавува илјадници луѓе ширум светот

Егзит музичкиот фестивал кој се одржува еднаш годишно на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, почнувајќи од 2000 година, обично трае четири дена, но оваа година поради коронакризата сите настапи се пренесуваат во живо на фејсбук и на официјалниот сајт на фестивалот

Фестивалот важи за еден од најголемите и најдобрите европски музички фестивали во југоисточна Европа.

Егзит во 2007 година е прогласен за најдобар европски фестивал и на Британските фестивалски награди. Фестивалот добивал признанија и за него било пишувано од медијските магнати како Си-ен-ен, Би-би-си, Тајм, Гардијан, Сан, Дејли мејл, Индепендент.

Околу три милиони луѓе од над 60 држави во светот го посетиле фестивалот кој бил домаќин на најголемите музички ѕвезди на денешницата како и многубројни домашни и регионални ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот