ВО ЖИВО: Следете го историското полетување, НАСА и Спејсикс испраќаат астронаути во вселената

Спејсекс, приватната компанија на мултимилијардеот Елон Маск, вечерва од Флорида ќе лансира ракета со двајца Американци во орбитата, што би бил прв лет на астронаути на НАСА од американско тло по 9 години,.

Спејсекс така ќе стане прва приватна компанија која ќе лансира луѓе во вселената.

Планирано е ракетата Фалкон 9 да полета од Вселенскиот центар Кенеди во 22 часот и 33 минути.

НАСА лансирањето ќе го пренесува во живо преку својот ЈуТјуб Канал, а пред лансирањето емитува програма врзана со полетувањето кое може да го следите овде:

 

Се работи за полетување кое е историско и кое го следат луѓето во цел свет преку страницата на НАСА на ЈуТјуб каде се известува за сите детали, како и на Твитер.

НАСА денеска детално ги следи астронаутите кои тргнуваат кон вселената па дури и објави што појадуваа утрово.

Двајцата астронаути ги поздравуваа медиумите кога со автомобил Тесла тргнаа до ракетата за лансирање. Тесла исто така е сопственост на Илон Маск.

Таму се поздравија со сопругите и со децата.

На крајот ги спремија и ги сместија за полетување, кое е закажано за 22.23 часот, ако дозволат временските прилики.

Ќе биде тоа почеток на 19 часа долгиот лет на астронаутот Даг Харли и Боб Бекен во новата капсула Кру Драгон кон Меѓународната вселенска станица.

Метеоролозите најавуваат дека шанските за густи облаци над источна Флорида се 50 отсто. Ако дојде до одложување на лансирањето, новото е планриано за сабота наутро.

За Маск ова би било уште еден голем успех на неговите повеќенаменски ракети со кои сака летовите да ги направи поевтини и почести. Ова ќе биде првпат Американците во вселената да одат со комерцијални вселенски летала во сопственост на приватни компании.

НАСА последен пат лансираше астронаути во вселената во некое летало пред 40 години, на почетокот на програмата Шатл.

Маск, Јужноафриканец и хај-теч могул кој стекна богатство во Силиконската долина, е извршен директор на производителот на електрични автомобили и батерии Тесла.

Нарли (53) и Бекен (49) се вработени во НАСА под договор со Спејсекс. На Меѓународната вселенсак станица би требало да останат една недела и да и помагаат на посадата која веќе се наоѓа во вселенската лабораторија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот