ВО ЖИВО: Следење на ураганот Сали кој стигна до Алабама, се закануваат катастрофални поплави

epa08671488 A woman and a child get back in their car after parking underneath Interstate 10 to watch the approach of Hurricane Sally in Spanish Fort, Alabama, USA, 15 September 2020. Hurricane Sally is predicted to make landfall early 16 September as a Category 1 hurricane. EPA-EFE/DAN ANDERSON

Ветровите се забрзаа и дуваат со брзина од 165 километри на час, што може да предизвика големи штети.

Ураганот Сали денеска го погоди брегот на Алабама во Мексиканскиот Залив како ураган од втора категорија, откако ветровите се засилија во текот на ноќта.

Ветровите се забрзаа и дуваат со брзина од 165 километри на час, што може да предизвика големи штети.

Ураганот исто така претставува закана од „катастрофални и опасни по живот” поплави долж делови на северо-централното крајбрежје на Заливот, соопшти Националниот центар за урагани.

НХЦ претходно објави дека ураганот може да предизвика повеќе од 60 сантиметри дожд во некои области додека се движи кон внатрешноста.

Ураганот Сали го погоди копното во Голф Шорс, Алабама и се движеше кон границата на Алабама и Флорида со брзина од 5 километри на час. Ветрови и дождови ќе има од Мисисипи до Флорида Панхандл, соопшти НХЦ.

Ураганот Сали на пристаништето Алабама, САД, 15 септември 2020 година/ Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Официјални лица од целиот југ ги повикаа жителите на долните области да се засолнат од ветровите и дождовите. Но, за некои, бавното пристигнување на ураганот Сали ги оживеа сеќавањата од детството за минатите бури кога од прва рака беа сведоци на моќта на природата.

Штетата предизвикана од ураганот Сали се очекува да достигне меѓу две и три милијарди долари, изјави Чак Вотсон од истражувачкиот центар Енки, кој ги следи тропските бури и ги предвидува трошоците од нивната штета.

Блокирани патишта поради опасноста од ураганот Сали кој пристигна во Алабама/ Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Таа проценка може да се зголеми доколку има пообилни врнежи од дожд, рече Вотсон.

Пристаништата, училиштата и бизнисите беа затворени долж крајбрежјето кога ураганот ја погоди областа. Како што бурата се движеше на исток, пристаништата покрај реката Мисисипи денеска повторно се отворија за патување. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот