ВО ЖИВО: Скептиците кои не веруваат во коронавирусот демонстрираат во Лондон

epa08681212 Protesters at a 'Resist & Act For Freedom Rally' demonstration in at Trafalgar Square London, Britain, 19 September 2020. The rally run by suspended former nurse Kate Shemirani is a forum for people who believe the Covid virus is a hoax and are anti-vaccine and government intervention. EPA-EFE/NEIL HALL

 „Правилото за шест“ важи за луѓе во нивните приватни домови, во затворени простории и на отворено, како пабови, ресторани и други надворешни простории.

Скептиците кои не веруваат во коронавирусот демонстрираат против наметнатите нови мерки од Владата, денеска, 19 септември во Лондон.

Организаторите на настанот велат дека не се согласуваат со мерките за социјално дистанцирање, задолжителната употреба на заштитни маски, задолжителната вакцинација, употребата на системи за следење и 5G сигналот, меѓу другото.

Демонстранти и полиција во Лондон, 19.09.2020/ Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Велика Британија забележа огромен пораст на нови инфекции во последните денови, принудувајќи ја владата да забрани социјални собири на повеќе од шест лица во Англија, Шкотска и Велс.

 „Правилото за шест“ важи за луѓе во нивните приватни домови, во затворени простории и на отворено, како пабови, ресторани и други надворешни простории.

На лицата кои не ги почитуваат мерките се изрекуваат казни од 100 до 3200 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот