(ВО ЖИВО) Протести ширум Франција: Затворена Ајфеловата кула, Лувр и Версај

Активисти на синдикатите се собраа во источниот дел на Париз од каде почнаа протестен марш.

Во очекување француската Влада денеска да го претстави предлог-законот за реформи на пензискиот систем, синдикатите го продолжуваат штрајкот низ целата земја, но во помал број од претходно.

Активисти на синдикатите се собраа во источниот дел на Париз од каде почнаа протестен марш.

Денеска нема да работи Ајфеловата кула, а музејот Лувр и дворецот Версај ги предупредија посетителите дека е можен прекин во работата.

Патниците 50-ти ден по ред и денеска се соочуваат со проблеми во сообраќајот на регионалните возови и метрото во Париз. Штрајкуваат и некои училишта и други јавни служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот