(ВО ЖИВО) Прием на руските вакцини на скопскиот аеродром

Во земјава денеска со специјален транспорт преку компанијата „ДХЛ” пристигнува првата пратка вакцини против КОВИД-19, кои Министерството за здравство ги купи од рускиот производител „Спутник В”. Вакцините ги пречекуваат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин на меѓународниот аеродром во Скопје.

 

Вакцините, кои се наменети за три илјади граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.
-Ова е вакцина којашто за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје, изјави министерот Филипче..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот