Заеднички изјави за медиумите на копретседавачите, премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, заедно со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.
Во Софија денеска се одржа лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Македонската делегација на Самитот ја предводи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од вицепремиерите Битиќи и Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти владината прес-служба.