ВО ЖИВО: Погребот на Џорџ Флојд во Хјустон
Афроамериканецот Џоерџ Флојд, чие убиство во полициската акција во Минеаполис беше повод за протести ширум САД, но и во светот денеска ќе биде погребан во Хјустон.
Погребот почнува во 11 часот по локално време, пренесуваат америјанските медиуми. Со оглед на тоа што на самиот чин на погребување можат да присуствуваат само најблиските, околу 500 лица, церемонијата во живо може да се следи и на ЈуТјуб:
Боксерскиот шампион Флојд Мејведер рече дека ќе ги плати трошоците за погребот, се наведува во соопштението. Се очекува на протестот да присуствува и градоначалникот на Хјустон Силвестер Тарнер како и актерот Џејми Фокс, пишува Си Ен Ен.
Освен комеморативната служба за Џорџ Флојд во Хјустон, претходно се одржани и во Минеаполис, каде што е убиен, и во Редфорд, неговото родно место во Северна Каролина.