ВО ЖИВО: Почна вакцинацијата во Србија, првата вакцина ја прими премиерката Брнабиќ

Во Србија денеска почна вакцинацијата против коронавирусот, а првата вакцина ја прими премиерката Ана Брнабиќ. Вакцината потоа ја прими министерката за труд Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон.

Тие јавно ја примија вакцината  на „Фајзер” во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак.

Вакцините ќе бидат доставени во „Торлак” од министерот за труд и член на кризниот штаб, епидемиологот д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, како и членот на кризниот штаб, епидемиологот д-р Предраг Кон.

Првите количини на вакцината во Србија пристигнаа во вторникот, а денеска ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

„Денес е дефинитивно ден за насмевка. Конечно по 6 март, можеби за прв пат сега имаме причина да се насмееме. Ова претставува почеток на крајот на коронавирусот – изјави премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека чувствува потреба да биде прва во Србија за да покаже со својот пример дека верува во вакцината и институциите.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Брнабиќ посочи дека договорот со претседателот Александар Вучиќ е во Србија да се примаат разни вакцини.

-Очекуваме што побрзо да добиеме вакцини од кинески производител, како и руски вакцини. Сигурна сум дека ќе ги имаме вакцините на Астра зенека и Модерна до крајот на првиот квартал – кажа Брнабиќ.

Покрај нив, денеска ќе бидат вакцинирани и првите граѓани, корисници на домовите за стари лица во Белград и Нови Сад, а од утре и во Ниш.

Освен корисниците на домовите за стари лица, вакцината во Србија први ќе ја примат и здравствени работници.

Во вторникот, 4.875 дози на вакцината Фајзер пристигнаа во Србија, а други 20.000 дози ќе пристигнат на почетокот на јануари. Со што Србија е прва земја во регионот во која е пристигната вакцината на Фајзер, преку потпишан договор за 1,8 милиони дози, кои ќе пристигнуват квартално.

Наскоро се очекува да се даде дозвола за употребата и на вакцината Спутник V, како и на кинеската вакцина.

Според српскиот претседател, „од средината на јануари ќе се оди на помасовни вакцинации”.

-Кога ќе го кажам тоа, мислам на стотици илјади, можеби дури и на милион луѓе да бидат вакцинирани до крајот на јануари, тоа е страшен успех, изјави Александар Вучиќ.

Србија е прва земја во регионот што ја доби вакцината од компаниите „Фајзер” и „БиоНТек”.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот