ВО ЖИВО: Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пред Министерството за правда започнаа протестите кои ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а се одржуваат против покачувањето на електричната енергија.

Во моментот присутни се поголем број на граѓани, како и полициски службеници кои го одржуваат редот за време на протестите. Демонстрантите, кои носат знамиња и исвиркуваат се очекува да маршираат до седиштето на Регулаторната комисија за енергетика, каде се очекува протестот да заврши.

На протестот можеа да се забележат повеќе функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и лидерот, Христијан Мицкоски, но и Владо Мисајловски и Александар Николоски.

Демонстрантите извикуваа и „оставка“ и „мафија на робија“, а на главниот банер пишуваше „скапа струја, сиромашен народ“.

Видете како изгледа протестот во живо:

ВО ЖИВО – ПротЕсти поради покачувањето на струјата

Publiée par Sloboden Pecat sur Mercredi 9 septembre 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот