(ВИДЕО) Почна Маршот за правдата

Толпата ќе почне да чекори од македонскиот Парламент, па се до комплексот судови, што претставува симболика за правни разрешници и крај на криминалните дејствија во нашата држава.

Во моментов пред Собранието на нашата држава толпа луѓе се собрани со намера да земат учество во маршот „Чекориме за правдата“.

Толпата ќе почне да чекори од македонскиот Парламент, па се до комплексот судови, што претставува симболика за правни разрешници и крај на криминалните дејствија во нашата држава.

Овој марш синоќа го најави лидерот на владејачката партија СДСМ, Зоран Заев, а уследи откако вчера попладне пратениците го изгласаа Законот за Јавно обвинителство, како и законот за Совет на јавни обвинители.

Пратениците од владејачката СДСМ се излезени на маршот, меѓу нив може да се забележат, Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форумот на Жени на СДСМ, раководството од Агенцијата за млади и спорт, односно директорот, Дарко Каевски, Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, генералниот секретар Љупчо Николовски, како и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот