ВО ЖИВО: Нов протест во Белград, градот под полициска опсада

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

По синоќешните насилни протести, денеска нов протест на граѓаните почна околу 18 часот на Платото пред Филозофскиот факултет.

Меѓу насобраните граѓани се лидерите на опозицијата Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ, Бошко Обрадовиќ, Зоран Лутовац и Јанко Веселиновиќ.

„Ги лажираа податоците за бројот на заболени и мртви, Кога народот се побуни применија параполициски мерка. Народот повеќе не ги трпи лагите“, порачуваат.

Итно побараа именување на нов Кризен Штаб.

Белград од попладнево е под полициска опсада. Во текот на обраќањето на Вучиќ на Анриќев венец немаше демонстранти, но беа подготвени два полициски кордони, јави Нова.рс.

Пред самата зграда на претседателствоот има многу полиција во цивил. Пред собранието се формираат полициски кордони.

Во центарот на Белград со часови траеја судирите на полицијата и демонстраните кои во вторникот вечер се собраа пред Собранието на Србија откако шефот на државата Александар Вуќиќ најави воведување на полициски час поради влошената епидемиолошка состојба во државата.

Нередите траеја со часови, а има и повеќе десетици повредени лица, како демонстранти таки и полицајци. И материјалната штета е голема, запалени се пет полициски возила.

Поради сето тоа, претседателот на Србија Александар Вучиќ се обрати во јавност и за нередите ги обвини екстремистите. Во повеќе наврати, Вучиќ споменуваше припадници на  странски безбедносни служби. Во еден момент жестоко ги нападна и хрватските медиуми и политичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот