ВО ЖИВО: Нов бран насилство на протестите во Белград, нападат и лидерот на Двери, Обрадовиќ

epa08534959 A protester wearing a traditional Serbian hat face-offs with police in front of the Serbian Parliament in Belgrade, Serbia, 08 July 2020. Thousands have gathered in front of the Serbian Parliament in Belgrade to protest the new measures to stem the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus, which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Втор ден по ред траат нередите во Белград, кои ескалираа кога полицијата употреби солзавец и ги одби демонстрантите кон паркот Пионир, во близина на Парламентот, каде се одвива антивладиниот собир. Демонстрантите претходно со камења, шишиња и навивачки факели ги гаѓаа полицајците распоредени да го чуваат законодавниот дом.

Во полицискиот напад со солзавец и палки, по кој беше распоредена и специјалната коњичка единица на српската жандармерија, повреден е и лидерот на опозициската крајнодесничарска партија Двери, Бошко Обрадовиќ.

„Ова беше брутална интеррвенција на жандармеријата, ги тепаа сите без бирање, ги прегазија луѓето. Јас добив удари во рацете и нозете, а ме спасија луѓето кои беа околу мене, кои легнаа врз мене. Немаше никаква причина и мотив за оваа брутална интервенција, само стоевме тука. Луѓето повеќе нема да го трпат ова, стануваат сите градови во Србија, ова е крај за режимот,“ рече Обрадовиќ непосредно по инцидентот.

Репортерите кои известуваат од протестот јавуваат дека во центарот на Белград се распоредени илјадници полицајци, кои во текот на денот пристигале во српската престолнина од целата земја.

Претходно, на протестот во Белград беше нападнат и актерот и опозициски политичар Сергеј Трифуновиќ, кој изјави дека зад нападот стојат припадници на десничарското движење „Левијатан“, кое според него работи за државните служби за безбедност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот