ВО ЖИВО: Мицкоски одржува прес-конференција за медиумите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во моментов пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев, одржува прес-конференција за медиумите, на која ќе информира дека партијата го прифаќа 15 јули како датум на избори.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница на која партиското раководство дискутираше за актуелната политичка состојба во земјата, за здравствената криза, но и за идните активности на партијата.

-Изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните- напиша попладнево тој на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот