ВИДЕО | Меѓувладина седница на Северна Македонија и Бугарија

Димитар Ковачевски и Кирил Петков
Димитар Ковачевски и Кирил Петков / Фото: Скриншот, Јутјуб

Во моментов се одржува меѓувладината седница на Северна Македонија и Бугарија на која воведни обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Ковачевски и Петков, пред почетокот на заедничката владина седница во Софија им посакаа успех на работните групи и посочија дека и двајцата сакаат резултати и остварување.

„Сакам да ви посакам успешна работа, Кирил и јас сме луѓе коишто сакаат ‘ексел’ табели, сакаме рокови и остварување. Ќе бидеме тука и ќе учествуваме во работата на се она што ќе се прави и сакаме барем еднаш неделно работните групи да информираат за напредокот“, рече Ковачевски.

Фото: Ариан Мехмети/Цивилмедија

„Кај мене има голема надеж, очекувам денеска да има реални резултати, реални спогодби во секоја од сферите. Верувам дека овој дијалог ќе ги замени национализмот, јазикот на омраза, дискриминација…Сакам да ви посакам добра работа, и сакам да ви порачам дека и во Бугарија и во С Македонија луѓето очекуваат реални резултати“, рече Петков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот