ВО ЖИВО | Kонференција по повод 20 години од Рамковниот договор

Артан Груби / Фото: Screenshot

Конференција „По Охрид” по повод 20 години од потпишувањето на  Рамковниот договор се одржува денеска во Скопје.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби најави конференција со три панели и, меѓу другите, обраќања на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Иако поканети, како потписници на Договорот, на настанот нема да се обратат поранешниот претседател на државата, премиер и лидер на политичката партија СДСМ Бранко Црвенковски и поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Гергиевски. Најавени се и Хавиер Солана и Џорџ Робертсон, амбасадори на ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, како и Питер Фејт, Пол Вилијамс, Бренда Пиерсон, Давид Син, Роберт Сери и Ветон Сурои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот