ВО ЖИВО | Изјава на претседателот Стево Пендаровски во Тетово

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Изјава на претседателот Република Северна Македонија Стево Пендаровски пред опожарената модуларна ковид болница во Тетово.

Дојдов да изразам сочуствп до семејствата на починатите. Надлежниот јавен обвинител информираше дека за еден час ќе го завршат увидот на терен. Потоа ќе се знае дали причината за пожарот кој изби синоќа е човечки фактор. Имаме стручни кадри и за кратко време ќе ја знаеме вистината. До овој момент, нема индикатор дека пожарот е предизвикан намерно, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски кој дојде пред опожарената модуларна ковид болница во Тетово.

– Осум легла во болницата не биле пополнети. Обдукцијата на починатите ќе биде завршена најдоцна утре по што ќе следува идентификација на жртвите. Повикани се роднините за да дадат крв за идентификација. Граѓани помагале да се извлечат луѓето од прозор, но не сум слушнал дека внатре имало посетители. Не знам дали постои основ за преземање на одговорност. Владата прифати помош од неколку држави за стручна експертиза – изјави шефот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот