ВО ЖИВО: Изборниот колеџ на САД ја потврдува победата на Бајден

epa08805160 A composite image made of file images shows Democratic candidate for President, Joe Biden (L) in Columbia, USA, 29 February 2020, and US President Donald J. Trump (R) during the final presidential debate in Nashville, USA, 22 October 2020 (issued 07 November 2020). Media report on 07 November 2020 that Joe Biden has won the Electoral College's majority following the 03 November presidential election. EPA-EFE/JIM LO SCALZO/JIM BOURG/POOL

За Бајден, меѓу другите, веќе гласаа и избирачи од државите Џорџија (16), Невада (6), Аризона (11), Пенсилванија (20), Висконсин (10) и Њујорк (29). Во таа земја, два изборни гласа доби од поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари Клинтон, поранешниот државен секретар. И двајцата се меѓу 29-те гласачи што ги има Њујорк. Гувернерот Ендру Комо од редовите на демократите, исто така беше еден од избирачите и воедно претседател на Изборниот колеџ.

Њујорк тајмс пренесе дека во моментот кога беше објавено дека сите 29 гласачи гласаа за Бајден и сенаторката Камила Харис за потпретседател во салата одекна силен аплауз.

Хилари Клинтон на Твитер го објави своето убедување дека во иднина „изборниот колеџ треба да биде укинат, а победникот да биде избран за претседател според бројот на собрани гласови“.

На претседателските избори во 2016 година, републиканецот Трамп ја победи Хилари врз основа на изборните гласови, иако таа имаше повеќе гласови.

„Но, сè додека (тој систем) постои, јас сум горда што го дадов својот глас во Њурјорк на Џо Бајден и Камила Харис“, напиша Клинтон.

Избирачите од Изборниот колеџ се партиски лојалисти избрани од републиканците и демократите два месеци пред изборите и тие всушност ги потврдуваат гласовите на гласачите во сојузните држави.

Прва што денес ги сошти гасовите беше малата американска сојузна држава на североисток од земјата, Вермонт.

Во државата Пенсилванија, која исто така ја потврди победата на Бајден со своите 20 изборни гласови, лидерот на Демократската партија, Ненси Петон Милс, изјави: „Ова е одличен ден за демократијата“.

На изборите на 3 ноември во Пенсилванија, Бајден доби околу 81 000 гласови повеќе од Трамп.

Трамп и неговите сојузници поднесоа тужби во обид да го променат изборниот резултат, тврдејќи дека изборите биле нефер и биле обележани со нерегуларности, но државните и федералните судови ги одбиле тие тужби за возврат. Според избирачите, законот не бара да гласаат како што гласаа повеќето гласачи во нивната држава, но бројот на такви „бунтовници“ е мал, а некои држави сега воведоа казни за такви луѓе.

Според резултатите од изборите, Бајден ги освои гласовите на 306 гласачи, а Трамп 232. Се очекува по гласањето на Изборниот колеџ, новоизбраниот претседател Бајден да ѝ се обрати на јавноста со говор за отпорноста на американската демократија.

Дадените гласови ќе бидат испратени до Конгресот за официјално пребројување на 6 јануари, што е последната фаза од американскиот изборен процес, кога сегашниот американски потпретседател Мајк Пенс треба да објави дека Бајден е нов претседател.

Трамп на крајот на минатиот месец рече дека ќе ја напушти Белата куќа доколку изборниот колеџ гласа за Бајден, но тој сепак продолжи со кампања против Бајден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот