Во ЖИВО | Централна свеченост по повод чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево

Фото: МИА

Централната свеченост по повод честувањето на Илинден во Крушево ќе започне со полагање свежо цвеќе од претседателот Стево Пендаровски и бројни делегации пред споменикот на Мечкин Камен.

На културно-уметничка програма ќе настапат Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец”, Ансамблот на албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата и пригодна реч на Никола Ристановски со пораки за Илинден.

Во Крушево присуствува и владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Собраниска делегација исто така присуствува на централната свеченост, предводена од потпретседателот Фадил Зендели, а во состав Илија Николовски, Љупчо Балковски и Петар Ристески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот