ВО ЖИВО: Албанската опозиција со молотови коктели врз зградата на Владата

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Состојбата на четвртиот голем протест на албанската обединета опозиција во Тирана ескалираше со фрлање молотови коктели врз зградата на Владата.

Молотовите коктели главно завршуваа врз влезот на Владата, и нема обиди за пробивање на полицискиот кордон, фрлање димни бомби, петарди, како и црна боја врз владината зграда. Илјадници приврзаници на опозицијата, како и незадоволни граѓани од сите делови на земјата, се собраа пред Владата во Тирана, каде се обрати лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша. Истовремено, полицијата преку мегафон повика на воздржаност. Протестот кој почна во 18,30 часот опозицијата бара да продолжи до полноќ, но според полицијата нема дозвола за тоа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот