Во земјотресот во Турција загина стражар, девет лица повредени (ВИДЕО)

Фото: Twitter

Осум лица се повредени во селата во тоа подрачје, вклучувајќи и дете врз кое паднал покрив, откри АФАД.

Во земјотресот со јачина од 5,7 степени што денеска ја погоди провинцијата Бингол на истокот од Турција едно лице загина, а девет се повредни, објавија официјални лица.

Потресот бил со епицентар во округот Карлиова во Бингол, а Турција ја погоди во 17:24 часот по локално време, оштетувајќи неколку десетици домови и згради, објави туската агенција за итни случаи АФАД.

Во уривањето на набљудувачка кула на турската армија се повредени двајца стражари, а еден од нив подоцна починал, објави гувернерот на Бингол.

Осум лица се повредени во селата во тоа подрачје, вклучувајќи и дете врз кое паднал покрив, откри АФАД.

Агенцијата додаде дека во регионот се испратени 550 шатори и друга помош.

Турција често ја погодуваат земјотреси. Последниот голем потрес, со магнитуда од 7,4 степени ја погоди во 1999 година, при што загинаа 18.000 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот