Во зеленилото над болницата во Козле ќе се гради цела населба

Планот наскоро ќе се најде на усвојување пред советниците во Општина Карпош, а веќе ги поминал сите законски процедури во однос на јавните анкети каде што граѓаните можат да дадат забелешки.

Цела населба ќе никне во зеленилото над Институтот за белодробни заболувања, доколку Советот на Општина Карпош го усвои ДУП Ј 04 Козле. Станува збор за површина од 150.000 метри квадратни каде што се предвидени маркички за индивидуални куќи со дозволена катност од приземје, два ката и поткровје.

Планот веќе ги поминал сите законски процедури во однос на јавните анкети каде што граѓаните можат да дадат забелешки. Од Општина Карпош велат дека планот е во согласност со Генералниот урбанистички план, каде на овој простор е предвидено домување. Земјиштето е во приватна сопственост на повеќе физички лица, кои со години бараат да се дозволи градење.

За време на претходната општинска власт на чело со градоначалникот Стевчо Јакимовски во 2015 година била донесена одлука дека не е потребна стратегиска оценка за влијанието на животната средина во врска со предлог ДУП и дека на оваа површина можат да се дефинираат и да се оформуваат парцели.

На планот жестоко реагираа дел од граѓаните по социјалните мрежи, со мноштво коментари против изградбата во зелениот појас на болницата.

„Карпош, Центар (плацовите кај Холидеј ин, Треска, Водно) – ете рецепт како се уништува еден град! Не постои јавен интерес, постои интерес на урбаната мафија – спрега меѓу градоначалниците и инвеститорите! Многу тажно!“ – реагира една скопјанка во групата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот