Во завршна фаза новиот Законот за медијација

Бојан Маричиќ, министер за правда/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза. На конференција  „Придобивките од медијацијата како алтернативен начин на решавање  спорови” Маричиќ во своето обраќање посочи дека за таа цел е формирана работна група за изработка на законско решение со кое треба да се надминат досега констатираните проблеми на кои укажа праксата при постапките за медијација.

При изработка на Законот, работната група, како што посочи министерот, продолжи со следење на европските искуства од Советот на Европа и од Европската Унија.

Маричиќ презентираше и дел од новитетите кои се предвидуваат со новото законско решение. Во Законот се воведува новина во однос на начинот на полагање на испитот за медијатор пред комисија што ќе влијае на создавање квалитетен, стручен и обучен кадар кој успешно ќе ги извршува работите од областа на медијацијата.

-Внесот на сите примени барања за медијација во Електронскиот регистар станува задолжителен, како и податоци за натамошниот тек на постапката, а податоците се покажаа исклучително статистички корисни, од кои може да се генерираат параметрите на применливоста и успешноста на медијацијата во пракса и ќе се овозможи врз основа на запишаните предмети во Регистарот, медијаторот да го оствари правото на субвенционирање на постапките за медијација, соопшти Маричиќ.

Според министерот, медијацијата како начин за решавање на споровите говори и за културата во општеството, во смисла дека разликите може да се надминат преку дијалог, разбирање и избегнување на стресот и трошоците кои може да настанат од одржувањето на судските рочишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот