Во заседа во Бања Лука: Убиен бизнисмен и неговиот телохранител

Во близина на неговата семејна куќа во Бања Лука, синоќа е убиен сопственикот на компаниите „Сектор Секјурити“ и „Житопродукт“, Славиша Круниќ.

Како што соопшти полицијата на Република Српска, во престрелката што се случила во бањалучката населба Гламочани нешто по 22.30 часот, биле убиени три лица, а едно се здобило со тешки телесни повреди од прострелни рани.

Покрај Круниќ, убиени се и еден негов телохранител, како и еден од напаѓачите. Според полицијата, повреденото лице, исто така, бил телохранител на бизнисменот.

Во тек е истрага за настанот.

Медиумите од Бања Лука, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, наведуваат дека станувало збор за „класична заседа“ за Круниќ, по која дошло до престрелка меѓу неговите телохранители и напаѓачите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот