Во Загреб протест против ковид потврдите

загреб протест ковид мерки
Загреб, протести против антиковид мерките / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Загреб попладнево започна голем протест против ковид потврдите и епидемиолошките мерки, пренесуваат локалните медиуми.

Демонстрантите се собраа на две места и излегоа на протестна прошетка низ улиците на главниот град на Хрватска.

Собирот на граѓани започна на плоштадот на Француската Република и на плоштадот на жртвите на фашизмот, а според проценките околу 15 часот на двете локации имало неколку илјади граѓани.

Загрепската полиција соопшти дека денешниот протест во Загреб не е пријавен и дека ќе ги снима учесниците на собирот.

Во пресрет на протестот, дел од демонстрантите ги искажаа своите барања за укинување на ковид потврдите, тврдејќи дека граѓаните кои немаат потврда се противуставно и незаконски исклучени од општествениот живот и им се оневозможува пристап до работа, студирање и основното уставно право на работа.

„Наша граѓанска должност е да се спротивставиме на дискриминацијата на секој човек, да се спротивставиме на општествените поделби и користењето на оваа дискриминаторска потврда како основа за тоа”, се вели во соопштението потпишано од граѓани, учесници на „Белиот тивок марш”.

Собири против ковид пропусниците и другите мерки за борба против коронавирусот во Загреб се одржуваа и во претходните денови, како и во некои други хрватски градови.

ФОТО+ВИДЕО | Во Виена протести против карантинот и задолжителната вакцинација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот