Во вториот квартал зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Откупот и продажбата на земјоделски производи  во вториот квартал годинава се зголемени за 5,7 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 4,7 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има раст од 6,5 проценти.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи има кај житата, градинарските растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата, а намалување кај индустриските растенија, фуражните растенија, млекото, млечните производи, кожата и волната и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во сите месеци од второто тримесечје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот