Во втората половина на мај се враќа Бундеслигата!

twitter/uefachampionsleague

Фудбалерите во најсилното германско првенство прво мора да бидат во карантин 14 дена пред официјално да се вратат на терените..

Претходно се дозна дека и натаму нема „зелено светло“ за продолжување на сезоната во најсилното германско фудбалско првенство, сега доаѓаат нови информации. Фудбалот се враќа во Германија, се најавува дека натпреварите ќе продолжат во втората половина од месец мај.

Германската канцеларка Ангела Меркел во состанокот со шефовите на 16 германски сојузни покраини разговараше за попуштање на мерките кои се донесени поради пандемијата на коронавирус.
Се согласи за мечеви без публика на трибините, но и натаму не се знаат официјалните датуми кога ќе продолжи сезоната. И натаму останува 15 мај како можен датум играчите да се вратат на терените, но и 22 мај се нуди како опција.

Веќе се прават тестови за коронавирус, а фудбалерите прво мора да бидат во карантин 14 дена пред да се вратат на терените. Односно во тој период мора да тренираат и живеат (вклучувајќи ги и сите вработени во клубот) одвоено од своите семејства.

Во една од бундеслигашките екипи, Вердер Бремен, се загрижени доколку сезоната продолжи на 15 мај поради недоволната подготвеност и физичка форма кај своите играчи. Германците меѓу првите во Европа кои започнаа со тренинзи во групи уште од почетокот на април и со тек време го зголемуваа интензитетот на тренинзите, како и бројот на луѓето во групи.

Бундеслигата беше прекината на 11 март, во моментот кога Баерн беше лидер на табелата со четири бодови повеќе од Борусија Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот