Во време на одржувањето на воените вежби на НАТО во Украина, средба на руски и американски генерали

Во момент на зголемени тензии меѓу Русија и САД, високи функционери од двете земји се состанаа во Финска да разговараат за намалување на „ризикот од инциденти за време на воените активности”.

Разговорите меѓу командантот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов и неговиот американски колега Марк Мили беа конструктивни, објави денеска руското Министерство за одбрана. Двајцата разговараа и за други прашања од заеднички интерес, иако не се откриени детали.

Русија ги смета САД за делумно одговорни за ситуацијата во Авганистан по хаотичното повлекување и преземањето на власта од страна на талибанците минатиот месец. Москва стравува од инфилтрација на нивните сојузници од Централна Азија, милитанти на Исламската држава, како и зголемена трговија со дрога во регионот.

Неколку воени вежби одржани од двете страни придонесоа за тензиите. Моментно во западниот дел на Украина се одржуваат воени вежби на НАТО, во кои учествуваат САД и останатите членки на Алијансата.

Уште една вежба наречена „Обединети сили 2021″ започна денеска во Украина, во која учествуваат војници од 11 членки на НАТО, соопшти Министерството за одбрана во Киев.

Се очекува во маневрите да учествуваат 12.500 војници, кои ќе користат повеќе од 600 парчиња воена опрема низ целата земја, и ќе траат до следниот четврток

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот