Во возило „мицубиши“ пронајдени 10 мигранти, од кои едно дете

Фото: Архива на СП

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа на 25.08.2020 околу 21.20 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово запреле патничко возило „мицубиши“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(36) од Велес.

При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од кои шест од Сирија и четири од Ирак (едно дете).

Н.К. бил приведен во СВР Куманово, а мигрантите се пренесени во Транзитен центар во Табановце.

По целосно документирање, против Н.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот