Во воздушните напади за викендот во Јемен загинаа 35 лица

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Најмалку 35 луѓе, меѓу кои 26 деца и шест жени загинаа во Јемен за време на викендот во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, тврди бунтовничката група Хути.

При нападот погодени се куќи на цивили и повредени се 23 лица, од кои 18 деца и жени.

Бунтовниците тврдат дека при саботните напади извршени во северната провинција Ал Џаф, нивните борци собориле авион на коалициските сили.

Меѓународната коалиција соопшти дека пред два дена воен авион Торнадо на Саудиска Арабија се урна во провинцијата Ал Џаф за време на мисија за поддршка на армијата на Јемен.

Борбите во Јемен траат од 2014 година откако Хутите, кои имаат поддршка од Иран, ја соборија владата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади и го зазедоа главниот град Сана и северниот дел од Јемен. Хутите се речиси 30 проценти од населението на Јемен. Додека во 2015 година интервенираше коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се обидува да го врати на власт Хади.

Според податоци на Обединети нации, поради судирите во Јемен околу 3,3 милиони луѓе се раселени, а 24,1 милиони лица односно на две-третини од населението им е потребна хуманитарна помош. Тоа е една од најголемите хуманитарни кризи во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот