Во Волково започна да се гради кружен тек

Во населеното место Волково започнаа подготовки за изградба на кружен тек, со што ќе се обезбеди поголема сообраќајна безбедност на околу 12.000 жители, вклучувајќи и жителите на Орман, Никиштане и Кучково. Оваа информација за Слободен печат ја потврди градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

-Општината преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој обезбеди средства за решавање на деценскиот сообраќаен проблем на граѓаните кои транзитираат во овој дел на Ѓорче Петров. Се подобрува пристапот на околу 10 000 жители на село Волково, 500 на село Орман, 1200 на село Никиштане, 200 жители на село Кучково, а се олеснува комуникацијата и поврзувањето на транзитниот сообраќај кон Град Скопје како и кон магистралниот пат за Косово. Со кружниот тек ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот а просторот ќе добие целосно нов и уреден лик.

Реализацијата на кружниот тек треба да финишира за 90 дена, а средствата во износ од 4. 300 000 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кофинасирање на општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот