Во Волково се гради градинка, ќе биде готова за 18 месеци

Почеток на градежни активности за градинка во Волково

Вложувањето во децата е најевтиното и истовремено најдоброто вложување во државата, а отворањето на детски градинки ќе им овозможи на мајките да се вработат, со што ќе се искористи 50 проценти од потенцијалот во економијата“, нагласи Царовска.

Во населеното место Волково во општина Ѓорче Петров денеска се изврши увид во изградбата на долго очекуваната и најавувана детска градинка. На настанот присуствуваа заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, градоначалникот Александар Наумоски и заменик министерката за труд и социјална работа, Санела Шкријељ.

„Тука ќе се изгради најмодерната градинка во државата. Оваа градинка ќе биде од исклучителна важност за граѓаните на ова населено место, со оглед што досега тука немало установа за згрижување на децата од предучилишна воздраст. Рокот за изградба е 18 месеци, но јас се надевам дека многу порано ќе ве поканиме на отворање на градинката“, рече Наумоски.

Почеток на градежни активности за градинка во Волково

Вицепремиерката Царовска нагласи дека со изградбата на новата детска градинка ќе се релаксираат капацитетите во околните градинки, каде што во моментов престојуваат децата од Волково.

„Во овие две и пол години покажавме дека инвестирањето во предучилишното образование е наш висок приоритет. 15 милиони евра преку Светска Банка обезбедивме за програми за рано учење и развој . Вложувањето во децата е најевтиното и истовремено најдоброто вложување во државата, а отворањето на детски градинки ќе им овозможи на мајките да се вработат, со што ќе се искористи 50 проценти од потенцијалот во економијата“, нагласи Царовска.

Дополнителната министерка Шкријељ стави акцент на обезбедувањето на еднакви услови за сите деца.

„Во буџетот за оваа година обезбедени се 15 милиони денари за опрема и реконструкција на објекти за згрижување деца. Наш приоритет е на сите деца да им дадеме еднакви можности“, рече Шкријељ.

Градинката ќе биде има капацитет за згрижување на 175 деца, а ќе чини 80 милиони евра, од кои 73 ги обезбедува МТСП преку грантовата шема на Светска Банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот