Во водите на Вардар пронајдено тело на мртов маж

Мртво тело на 77-годишен велешанец Л.С. денеска е пронајдено во реката Вардар, во близина на село Кочилари.

Случајот во СВР Велес го пријавил жител на село Кочилари денеска околу 10.00 часот.

Како што информираат од СВР, на трупот нема траги на насилство, а по завршување на увидот е утврдено дека се работи за 77-годишниот Л.С.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот