Во водите на Јонското море уловен редок вид на ајкула

Ајкула / Фото Архива на СП

Во близина на областа Радиме, кај Валона, во рибарските мрежи денеска e уловена ајкула долга 1,5 метри.

– Овој вид ајкула е многу редок во водите на Јонско Море. Нејзината појава во близина на Валонскиот залив е поради климатските промени, велат рибарите.

Во мрежите на албанските рибари во последните две години уловени се над десеттина ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег.

Тежината на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми, а месото завршува во угостителските објекти, бидејќи важи за вистински специјалитет.

За првпат, кон крајот од минатиот месец туристите на плажата кај Дерми, биле изненадени кога ајкула дошла преблиску до брегот. Тие биле во морето кога им се доближила ајкулата.

Дерми е една од најубавите плажи на албанското крајбрежје, која се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона.

Откако бил даден алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата и тој момент го снимиле со нивните мобилни телефони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот