9 C
Скопје

Во Визбегово една депонија се чисти, друга се создава

Додека сѐ уште трае акцијата за расчистување на една од најголемите диви депонии во Скопскиот регион, депонијата во Визбегово, несовесни граѓани во непосредна близина на местото на кое се чисти, повторно создаваат нови купишта со ѓубре, обвинуваат невладините организации за заштита на животната средина.

„О2 Иницијатива“ објави фотографии направени пред неколку денови, на кои јасно се гледа како камион истура ѓубре на недозволена локација, а околу него веќе има поголеми количества исфрлен отпад.

-Додека од Град Скопје се фалат дека се чисти депонијата во Шуто Оризари, од другата страна си фрла отпад кој како сака – стои во објавата на Иницијативата.

Оттаму потсетуваат дека Државниот инспекторат за животна средина, по извршен вонреден инспекциски надзор во декември минатата година, на кој утврдија прекршување на Законот за управување со отпад, испрати барање до градоначалниците на Општина Шуто Оризари и на Град Скопје, да преземат итни мерки за расчистување на депонијата во Визбегово, но и за соодветно да се уреди земјиштето. Два дена потоа Град Скопје најави голема акција за расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Од депонијата која се протега на површина од 10 хектари, требаше да бидат расчистени околу 50.000 кубни метри шут и комунален отпад.

Прочитајте и...  Бајден го покани Путин на состанок, а една држава се пријави да биде домаќин

Од Град Скопје објаснуваат дека континуирано работат на чистење на постојните диви депонии, како и на спречување да се создадат нови.

-Тоа го правиме преку константни контроли и патроли на нашите инспектори и комунални редари, припадници на МВР и општински инспектори. Сепак, треба да се потенцира дека нашиот Инспекторат има ограничени можности, а ингеренции имаат и полицијата, државните инспектори, како и општинските редари и инспектори. Иако ова е дополнителна работа за ЈП „Комунална хигиена“ и на „Улици и патишта“ и тоа не е дел од нивните редовни работни обврски, во изминатиов период исчистени се околу 30.000 кубни метри отпад од најразличен вид, притоа не земајќи ја предвид бројката на редовниот комунален отпад што секојдневно го исфрлаат граѓаните – велат од Град Скопје.

Прочитајте и...  МОН објави огласи за автори и илустратори на материјали за учење за прво одделение

Оттаму потсетуваат дека во изминатава година Градот Скопје покрај помалите диви депонии исчисти три поголеми депонии (во Мичурин, Кисела Вода и во Ѓорче Петров), а во моментов се работи на чистење на најголемата депонија во Визбегово, која е со големина од 10 фудбалски игралишта и е еден од главните извори на загадување на воздухот во северниот дел од Скопје.

Од оваа депонија се расчистуваат околу 50.000 кубни метри шут и комунален отпад, а од почетокот до денес постојано на терен се работи со четири товарни возила и голем дел од депонијата е веќе исчистен. Навистина е тешко да се предвидат рокови за чистење ваков вид депонии, бидејќи ова не е градежен зафат туку процес и активност за која има непредвидливи фактори, кои се појавуваат во текот на чистењето – додаваат од Град Скопје

Прочитајте и...  МОН: Обезбедени 1.210 електронски уреди за следење оналјн настава

Поврзани вести

МЗ: Пациентот кој почина и имаше 25 години имал хронично заболување и се лекувал во „Систина“

Слободен печат

Нон-пејперот на Јанша – уште еден доказ за деструктивниот ефект на Десницата врз Балканот

С.Р.

ВИДЕО | Ракетен напад на аеродромот во Ирак: Експлозија во близина на американската база

Слободен печат

Министерство за економија ќе побара Владата да ја раскине концесијата за песок во Долно Коњари

Југослава Дуковска

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

СП.

Николовски: Објавен оглас за вработување на десет лица кои ќе го засилат тимот за борба против корупцијата

Слободен печат

Остави Коментар