Во Вила Водно се сретнаа двајцата претседатели

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

На средбата, претседателот на Собранието Џафери му честитал на претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успешна работа во следните пет години.

„ Двајцата соговорници ја истакнаа важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Република Северна Македонија – одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.Во таа насока, претседателот Пендаровски го посочи значењето на Собранието во реализацијата на реформската агенда и на парламентарната димензија во остварувањето на интересите на Република Северна Македонија на меѓународен план“, се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

На средбата, двајцата соговорници договорија натамошна поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните и во интерес на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот